Љупчо Марковски Калц се враќа во Вардар

 

Ново име, вардарова легенда која се приклучува на школата на „црвено-црните“ сега е нашето прославено име, поранешниот капитен на клубот и македонски репрезентативец Љупчо Марковски - Калц, јавува Курир. Популарниот Калц, кој има и Про лиценца, по постигнатиот договор со директорот на младинската школа, Горан Митев, ќе биде нов тренер на кадетите во младинската школа доаѓајќи на местото на Александар Васоски кој е вклучен во стручниот штаб на првиот тим. „Задоволство ми е што ја екипираме школата со прославени имиња кои се од огромно значење за Вардар. Имиња кои оставиле силна трага во минатото во клубот, а кои сигурно може сега со својата тренерска биографија многу да дадат во иднина за клубот. Вардар сега го има најдобриот можен сопственик во името на Сергеј Самсоненко и може само да искажам благодарност за него како и за извршниот директор Самоил Симев кои овозможуваат максимална поддршка за дополнителен развој на младинските категории како сериозна иднина на клубот. Продолжуваме максимално со определбата Вардар најголемиот свој квалитет да го црпи од својата школа“ - вели директорот на младинската школа Горан Митев.Задоволството што по 15 години се враќа во Вардар е нескриено и кај Љупчо Марковски - Калц кој не крие дека бил и малку затекнат од повикот...

13.02.2014 - 23:09
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега