Ракометарите ја добија ветената премија од 30.000 евра
Ракометната федерација на Македонија им ја исплати ветената премија од 30.000 евра на репрезентативците и стручниот штаб за пласманот во втората фаза од ЕП во Данска.
Парите се веќе „легнати“ на сметките на сите што дадоа придонес во пласман во втората фаза, кога во конкуренција на Данска, Чешка и Австрија, го освоивме второто место со една победа, едно реми и еден пораз, што е најдобар успех на машката репрезентација во првата фаза од едно ЕП.
На ЕП во Данска, Македонија го освои десетто место во конкуренција на 16 репрезентации, но го исполни планот, да биде во Топ-12 и да се надева на полесен противник во баражот за СП 2015.
Во јуни Македонија ќе игра против Грција со шанса да го продолжи континуитетот со настапи на големите натпреварувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа