Првото злато за Британците на ЗОИ
Дваесет и петгодишната Британка Елизабет Јарнолд со победата во скелетон и го донесе првиот златен медал на Велика Британија на ЗОИ во Сочи.
Јарнолд по четирите трки имаше време од 3 минути 52 секунди и 89 стототинки, а во сите четири имаше најдобро време и во два наврати поставуваше и рекорд на патеката (57.91 секунди во третата трка).
Сребрениот медал и припадна на Американката Неле Пикус – Пејс, која имаше 97 стотинки заостанување зад олимписката шампионка, а третопласирана заврши Русинката Елена Никитина.
14.02.2014 - 20:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа