Дибиров во дресот на Вардар до 2020
Рускиот ракометар Тимур Дибиров, го продолжи договорот со екипата на Вардар до 2020 година.
Дибиров човек за кој се смета дека претставува еден од најдобрите ракометари во светот, продолжувањето на соработката ја обелодени на денешниот прес.
Покрај него, договорот го продолжи и српскиот голман Страхиња Милиќ, кој со „црвено-црните“ ќе остане до 2019 година.
-Ова се официјални информации, односно резултати од преговорите со играчите. Ќе има уште, не застануваме тука, проодлжуваме со нашите планови, рече Самсоненко.
Дибиров и Милиќ не се единствените кои ја продолжуваат верноста кон Вардар. Покрај нив, боите во “црвено-црниот“ дрес ќе продолжат да ги бранат и Игор Караџиќ, Илија Абутовиќ и Ален Тоскиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа