МВР: Во училиштето во Гостивар не се пронајдени траги од отровен гас

 

МВР не пронајде никаква токсична материја во училиштето во Гостивар од каде десетина ученици се пожалија на труење со непознат гас

„Врз  основа на извршени испитувања на подигнати брисеви и доставена облека од 4 ученички, не се добиени конклузивни резултати кои би покажале присуство на непозната материја. Преземени се сите мерки и активности, разговори со очевидци, обезбедени се снимки, и  8 парчиња олека од ученички. При тоа, направен е увид, земени се брисеви од ѕидовите, стаклата и вратите како и во училината соблекувална и ходник. При тоа направена е анализа со гасно- масен спектрометар ГЦ-МС, и резултатите покажуваат дека нема присуство на никакви токсични материи“ - велат од МВР за Press24.

Претходно и Институтот за Судска медицини излезе со информација дека кај ниту едно од децата кои побарале лекарска помош не е утврдено присуство на токсични материи по направената анализа на крвта и урината.

18.02.2014 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега