Сабликова го одбрани тронот на 5.000 метри брзо лизгање
Мартина Сабликова од Чешка по втор пат е олимписка првенка во брзо лизгање на делницата од 5.000 метри.
Дваесет и шестгодишната Сабликова до својот втор медал на Олимпијадата во Сочи стигна со време од 6:51:54 минути, со што го одбрани освоеното злато на игрите во Ванкувер 2010 година.
За Сабликова ова е втор медал на Олимпијадата во Сочи, на која веќе освои сребро во трката на 3.000 метри.
Репрезентативките на Холандија, Ирене Вуст и Карине Клејбеукер ги освоија сребрениот и бронзениот медал.
19.02.2014 - 19:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа