ЛШ: Ова се можните противници на Вардар и Металург во нокаут фазата

Со одигрувањето на натпреварите од 10.коло заврши групната фаза во ракометната Лига на шампионите по што се познати „шеширите“, а со тоа и евентуалните противници на македонските екипи Металург и Вардар.

Според пропозициите првопласираните од групите ќе играат против четвртопласираните, а второпласираните против третопласираните, а екипи кои биле во иста група не може да играат во осминафиналето.

Според тоа потенцијални ривали на Вардар се: Веспрем (Унгарија), Кил и Хамбург (Германија), а потенцијални ривали на Металург се: Рајн Некар Ловен и Флензбург (Германија) и Колдинг (Данска).

„Шешир 1“: Веспрем, Кил, Барселона и Хамбург.

„Шешир 2“: Рајн Некар Ловен, Колдинг, ПСЖ и Флензбург.

„Шешир 3“: Цеље, Киелце, Металург и Горење.

„Шешир 4“: Мотор, Висла, Вардар и Алборг.

Извлекувањето на двојките за осминафиналето ќе се изврши утре во Виена во 12 часот.

Првите натпревари од осминафиналето треба да се одиграат во терминот од 19 до 23 март, а реваншите од 26 до 30 март

24.02.2014 - 10:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега