Червар: Со Колдин ќе мора да се надминене себе си
Лино Червар стратегот на Металург истакна дека во пресметките со данскиот претставник Колдинг во 1/8 финалето во ЛШ ќе влезат доста внимателно затоа што се работи за непријатен противник со големо искуство со одлични поеинци во одбраната.
-Се работи за многу искусна екипа, составена од играчи кои ја поминаа границата од триесет години, екипа која извонредно игра во одбрана и ја има најдобрата одбрана во групната фаза од Лигата на шампионите. Имињата на Ким Андерсон, Ласе Боасен, Стефан Хундструп, Каспер Хвидт, Лаен Торстен, Бо Спелерберг, Алберто Рокас и другите, доволно зборуваат со кого ќе имаме работа, вели Червар кој притоа додава:
-Сепак, јас сакам позитивно да размислувам, затоа што теренот е тој каде што се ќе се решава. Ние ќе мораме да бидеме уште помотивирани, уште поборбени отколку на средбата против екипата на Барселона, тоа ќе треба да биде натпревар во кој ќе мораме да се надминеме, да бидеме дури и над своите моментални можности. Тоа што ме загрижува е состојбата на Павел Атман, кој за нас е од огромно значење, бидејки располагаме со лимитиран фонд на играчи, потенцира стратегот на Металург.
Превземено од rkmetalurg.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа