Исплатени 170,7 милиони денари субвенции на 7.000 земјоделци
Министерството за финансии исплати 170,7 милиони денари субвенции на 7.133 лица.
За поледелски култури се исплатени 71,9 милиони денари на 2.853 полјоделци. Финансиската поддршка по хектар обработлива земјоделска површина изнесува 9.000 денари, додека за градинарско производство на отворено и во пластеници исплатени се 12,6 милиони денари на 758 градинари. Субвенцијата по оваа мерка изнесува од 6.000 до 25.000 денари по хектар.
За одржување постоечки лозови насади се исплатени 24,2 милиони денари на 557 лозари. Финансиската поддршка која ја добиваат лозарите за оваа мерка изнесува 40 илјади денари по хектар.
На вкупно 1.803 сточари исплатени им се субвенции во износ од 38 милиони денари за произведено и продадено кравјо, овчо и козјо млеко. Субвенцијата по литар млеко изнесува 3,5 денари.
Исплатени се и 23,8 милиони денари субвенции на 1.162 сточари за одгледување кози, при што поддршката по литар изнесува 1.000 денари по грло.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа