Ограбена црква во Гостивар
Уште една црква мета на крадци. Засега непознати сторители провалиле во селската црква „Св.Јован“ во гостиварското село Ново Село и украле икони, пари и дрвен крст.
Крадците во црквата влегле со кршење на бравата на влезната врата.
Случајот во полиција го пријавил жител на селото.
27.02.2014 - 11:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа