До крајот на годината се очекуваат 350 милиони евра странски инвестиции

 

Министерот за економија Ваљон Сарачини, денеска истакна дека се очекува Македонија да ја заврши годинава со 350 милиони евра странски инвестиции.

- Во 2013 странските инвестиции придонесоа да се реализира извоз од 760 милиони евра што е 25 отсто од вкупниот извоз на Македонија или 20 проценти повеќе од извозот во 2012 година, истакна Сарачини по денешниот состанок со Советот на странски инвеститори во Стопанската комора.

Сарачини потенцира дека последниве години Македонија, освен производи од металната, текстилната и хемиската индустрија на странските пазари пласира и катализатори, автобуси, како и други производи со додадена вредност.

Странските инвеститори, како што изјави претседателот на Советот Хуан Педро Хименез Наваро, немаат големи проблеми во работењето тука, но се уште се соочуваат со одредени потешкотии од аспект на административните постапки, правните прашања и човечките ресурси.

- Постои голем интерес за соработка со македонските компании, но во тој процес мора да функционираме како партнери, порача Наваро.

На денешниот состанок во Комората, освен што биле отворени низа клучни прашања, е договорено и што поскоро завршување на Белата книга која треба да ги содржи сите сугестии и предлози на инвеститорите за подобро работење. 

27.02.2014 - 13:01
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега