Скопјанецот изрешетан со пушка во Ченто имал дебело полициско досие

 

Во скопската населба „Ченто“ на улицата „Алија Абдовиќ“ околу 22 часот и 30 минути бил убиен 46-годишниот Ибраим Исмаили од Скопје, од засега непознат сторител. 

Убиениот веќе и е познат на полицијата како сторител на разни криминални дела како што се насилство, недозволено поседување оружје, изнуда и лихварство, информира помошник-министерот за односи со јавноста во МВР Иво Котевски денеска на прес-конференција.

Според Котевски, од првичниот преглед на телото на починатиот констатирано е дека има повеќе прострелни рани по главата и по телото, кои најверојатно се нанесени од автоматска пушка.

- На местото на настанот, на повеќе локации се пронајдени испукани чаури, проектили, фрагменти од крв, кои заедно со возилото и другиот пронајден материјал се предадени на вештачење, појасни Котевски.

Полицијата го истражува случајот.

27.02.2014 - 15:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега