Ограбувал цркви и викендици - конечно фатен разбојник од Кочани

 

Битолската полиција конечно фати кочанчанец кој долго време крадел што му дојде при рака.

Според податоците од полицијата, се работи за 41-годишниот В.И. од Кочани кој во текот на минатата година ограбувал викендици и цркви. Кочанчанецот насилно влегол во четири викендици во битолските села Опеш, Ротино и Гопеш и одзел бакарни предмети и алати во  вредност од околу 15.500 денари, а исто така, извршил тешки кражби во црквите „Св. Спас“ во с.Братин Дол и „Св. Атанасиј“ на м.в. „Смолево“,„Св. Ѓорѓија“ кај м.в. „Сребрена Вода“ и „Св. Никола“ во с.Секирани, од каде одзел парични средства во износ од 7.500 денари.

На крајот од  минатата година, со подесен алат насилно влегол во шест викендици од кои три во с.Гопеш, две во с.Кажани и една во с.Драгажани битолско, но не одзел ништо, туку само  предизвикал материјална штета од околу 4.000 денари.

28.02.2014 - 12:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега