Тетовчанец лажел дека е неговиот починат татко
Тетовчанец си заработи кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „фалсификување исправа“.
При извршен претрес во неговиот дом полицијата открила најлонска кеса со 698,6 грама марихуана, две пакувања се бензокаин локален анастетик, една полициска легитимација, куршум кал. 12,7 мм., електронска вага, две рамки со по 30 куршуми кл. 7,62 мм., два панцирни елеци, ловна пушка и 13 куршуми кал. 16 мм., сопственост на неговиот починат татко.
Пријавениот на службената легитимација од МВР ставил своја фотографија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа