Семејна драма во Тетово: Разделувајќи ги таткото и чичкото кои се тепале тетовчанка заврши во болница

 

Тетовчанка преживеала вистинска семејна драма откако се обидела да ги спречи својот татко и чичко да се тепаат.

Како што пишува Вест, се работи за 21-годишната Ќ.Р која вчера попладне околу 17 часот се обидела да ги спречи нејзинио татко, 51-годишниот С.Р. и нејзиниот 45-годишен чичко Љ.Р. да се тепаат во дворот од семејната куќа. Додека се обидувала да ги раздели, чичкото ја удрил тетовчанката со тупаница во пределот на главата.префрлена во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, била пренесена на скопските клиники.

Се работи на расчустување на случајот.

 

28.02.2014 - 14:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега