Зголемен бројот на превезени патници во патниот и воздушниот сообраќај

 

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во патниот патнички превоз во последното тримесечје од 2013 е зголемен во однос на истиот период од претходната година. Последните три месеци лани биле превезени 4.250.000, а во 2012 година 4.156.000 патници, додека вкупниот број патници во 2013 година бил 16.052.000.

Во последното тримесечје минатата година во железничкиот превоз биле превезени 216.000 патници и споредено со истиот период претходната година е намален за 14.000. 

Во градско - приградскиот превоз бројот на патници е зголемен од 19.803.000 во 2012 година, на 20.140.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз во последниот квартал лани изнесувал 227.733 последното, што е за 29.554 повеќе од истиот период во 2012 година.

06.03.2014 - 11:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега