Давид Бабунски на Facebook распали по ФФМ: Ова ли се условите што ги ветивте?

 

Еден од најталентираните наши репрезентативци и голема надеж на македонскиот фудбал Давид Бабунски на својот фејсбук-профил “распали“ по Фудбалската федерација на Македонија, откако младата репрезентација од играчи до 21 година уште не е вратена дома по вчерашниот пораз од Португалија со 0-2.

“ФФМ: Мојте соиграчи од селекција до У21 се утше патуваат да се вратат дома. Тргнаа од Хотелот од Португалија во 9:30 сабајле и моментално се наоѓаат во Франкфурт чекајки авион за Љубљана за да стигнат во Скопје во 1:30 сабајле. Дали се овие подобрите услови сто ги ветивте? Дали вие искрајно сакате футбалот во Македонија да напредне? Срамота. А немој со тоа дека немало пари, сите знаеме кај се парите. А ако не сакате да ги извадите, јас сум способен да одвојам од мојата плата и да вложам за Македонскиот футбал, само кажате, зошто јас на вистина сакам да тргнеме нагоре. Пред натпревар патуваме саат време до стадион. И ние треба да излеземе на терен да браниме едно знаме и целиот македонски народ што не подрзува. Незнам колку ви е вас тоа битно или дали воопшто ви е гајле, ама ние за нив трчаме“, напиша фудбалерот на Барселона.

Бабунски требаше да биде дел од сениорската репрезентација на синоќешниот дуел со Литванија, но бидејќи се работи за пријателски меч, тој отпатува за Португалија каде се играше квалификациски натпревар.

 

 

06.03.2014 - 22:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега