Признаниe од FDI магазинот: Македонските економски зони се топ дестинации за инвестирање
FDI магазинот го рангираше охридско-струшкиот регион на прво место како најповолен за инвеститорите во Европа. Високо рангирани се и скопскиот и штипскиот регион. По тој повод, пишува Економски.мк, ФДИ Магазинот на 12. март во Кан ќе додели и награда на Македонија.
На свеченоста ќе присуствува Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, кој за економски.мк вели дека позициите кои Македонија ги зазема во рамките на рангирањето се доказ дека земјата станува препознатлива бизнис дестинација.
-Македонија е земја која поседува низа погодности, можности, поволни услови, квалитетна работна сила, кооперативен бизнис сектор но и успешна промотивна стратегија за што најдобар показател е бројот на СДИ односно, компании кои инвестирале или ги најавиле своите инвестиции, вели Мизо.
-Во сите овие регион Макеоднија има лоцирано технолошко – индустриски развојни зони. Тие се интересни за инвестоиторите заради тоа што се инфраструктурно решени што значи дека компаниите можат веднаш да почнат да градат, вели Мизо.
Во рангирањето на ФДИ магазинот, Македонија котира се најде повисоко од сите земји во регионот, Србија, Бугарија, Романија. Според Мизо, ова ќе придонесе земјата да привлече поголем број странски компании.
ФДИ ја рангираше Македонија во следните категории:
ТОП 10 Европски региони- (cost effectiveness) ценовна ефикасност Охрид/Струга- Македонија е рангирана на 1 место
ТОП 10 Мали европски региони- ( cost effectiveness) , Охрид/Струга-Македонија е рангирана на 1 место.
ТОП 10 Јужноевропски регион-FDI стратегија, Охрид/Струга- Македонија е рангирана на 6 место
Во групата градови, рангирани сме во следниве категории:
ТОП 10 Мали европски градови-(cost effectiveness) ценовна ефикасност, Скопје- Македонија е рангирана на 1 место,
ТОП 10 Микро европски градови – (cost effectiveness) ценовна ефикасност, Штип е рангиран на 1 место, а втората позиција му припадна на градот Велес.
ТОП 10 Јужноевропски градови – FDI стратегија, Скопје- Македонија е рангирана на 5 место,
ТОП 10 Јужноевропски градови , Скопје- Македонија е рангирана на 8 место,
ТОП 10 Мали европски градови – ( business friendliness) деловна соработка, Скопје- Македонија е рангирана на 10 место,
ТОП 10 Мали евроски градови – FDI стратегија, Скопје- Македонија е рангирана на 10 место,
FDI магазинот кој се издава од страна на Financial Times Ltd, континуирано спроведува студии за стански инвестиции, го истражува влијанието на факторите како глобализација и инфлација врз бизнис климата во светот и реализира интервјуа со корпоративни директори и бизнисмени, а на секои две години прави студии и анализи за Европа.
Анализите на FDI покажуваат дека во ноември 2013 година, на пазарот забележани се 3652 greenfield FDI проекти во Европа.
Најмногу FDI проекти, односно третина од глобалните FDI се реализирани во европскиот регион. 665 од инвестициите односно 18,2% биле во делот на софтверскиот и ИТ сектор. Магазинот изврши анализа и рангирање во студијата именувана ,,Европските региони на иднината 2014/15,, при што примени нова методологија односно ги внесе градовите и регионите како нови параметри кои ќе бидат анализирани според FDI стратегија и бројот на жители.
Рангирањата се направени врз основа на критериумите: економски потенцијал, човечки капитал и животен стил, ценовна ефикасност, инфраструктура, деловна соработка и FDI стратегија. Од страна на магазинот била направена дата база, односно биле собрани податоци за 468 локации по градови и региони, додека пак за категоријата FDI стратегија –стратегија за промоција, имало 180 поднесители (апликанти).
Како што пишува економски, Македонија, земајќи ја во предвид својата визија-промоција на поволностите за инвестирање, промените за подобрување на бизнис климата, како и спроведените реформи за подобрување на условите за реализирање на инвестиции, по регион и градови, завзема високи позции.
-Регионално, во категоријата на ценовна ефикасност доминираше регионот на Источна Европа, односно на првото место рангирани се Охрид/Струга. Во рамките на рангираните градиови и региони има формирани технолошко-индустриски развојни зони, од кои зоните во Скопје и Штип се функционални и во нив се сместени преработувашките капацитети на реномирани компании, пишува економски.мк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа