Ставрески: Растот на индустриското производство позитивно ќе се одрази врз економијата

 

Растот на индустриското производство и зголемувањето на бројот на работници во индустријата во јануари е позитивно и ќе даде силен имплус врз развојот на економијата во оваа година, истакна вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески на денешната прес-конференција.

Коментирајќи ги најновите статистички податоци за растот на индустриското производство од 6,4 проценти, Ставрески потенцираше дека трендовите во индустријата се добри и дека тоа претставува поддршка за постигнувањето на предвидениот економски раст за годинава.

Како што рече министерот, значајно е и тоа што има креирање нови работни места во индустријата.

- За 6,5 проценти е зголемен бројот на работници во индустријата само во јануари годинава во однос на истиот месец минатата година, а ако споредиме со 2006 година имаме зголемување на бројот на работници во индустријата за околу 27 илјади. Ако се има предвид дека во поголем дел од овој период имавме светска и европска криза и во голем број земји имаше отпуштања од работа, а кај нас има зголемување на бројот на вработени, посебно во фабриките што се лоцирани во зоните, тогаш секако дека ова се позитивни движења и очекувам тоа да даде силен импулс врз развојот на економијата во оваа година, потенцира вицепремиерот Ставрески.

07.03.2014 - 14:02
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега