Компаниите што ќе се снабдуваат преку ЕВН Снабдување станаа дел од портфолиото на ЕВН групацијата од 3.3 милиони потрошувачи
Компаниите што склучија договор за снабдување со електрична енергија со „ЕВН“ снабдување ќе имаат стабилност во потрошувачката, дури и ако не ја потрошат целата нарачана количина на електрична енергија, потенцираше Нико Берберу менаџер на ЕВН Снабдување во интервју за Радио Слободна Македонија.
„ Оние кои потпишаа договор со нас не мора воопшто да се грижат за тоа дали ќе ја потрошат целата побарана енергија или не, нашето искуство и екпертиза околу планирањето им стои на располагање. Балансирањето на потрошувачката ќе биде наша грижа. Не само поволна цена, туку корисниците го добиваат и искуството и сигурноста во снабдувањето и од домашниот пазар и од Европскиот, каде што ЕВН веќе одамна е присутна снабдувајќи 3.3 милион корисници во Бугарија, Австрија и Македонија. Токму пристапот до сите европски берзи и пазари на електрична енергија и дава можност на ЕВН на своите корисници да им ja олесни работата околу планирањето на потрошувачката. “, истакна Берберу.
Досега со ЕВН Снабдување потшишаа 115 - те компании што е околу 70% од вкупната енергија што ќе се купува на слободен пазар во втората фаза од процесот на либерализација. Во оваа фаза на слободен пазар ќе купуваат електрична енергија околу 200 компании.
Вкупните количини на енергија во оваа фаза иснесуваат околу 600 гигават часови на годишно ниво, посочи Берберу.
Со стартот на втората фаза на процесот на либерализација на пазарот во рамките на ЕВН на македонскиот пазар се формира и втората балансна група. Едната која веќе постои и е најголема во земјава е на регулираниот пазар на електрична енергија каде што ги снабдуваме тарифните потрошувачи или над 700 000 домаќинставта. Втората балансна група е составена од 115 компании кои излегуваат на слободен пазар.
Првата фаза од процесот на либерализација започна во 2007 година, кога девет компании кои се поврзани на високонапонската мрежа на МЕПСО започнаа да купуваат електрична енергија на слободниот пазар. Во втората фаза од процесот на либерализација, кој официјално ќе стартува од први април годинава дополнително ќе купуваат на пазар сите оние компании кои што имаат над 50 вработени и над 10 милиони евра приход на годишно ниво. Со стартот на оваа фаза бројот на компании што ќе одат на слободен пазар ќе изнесува 222, а третата фаза во која ќе бидат опфатени и малите бизниси и компаниите треба да започне во текот на следната година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа