Македонско-италијански бизнис форум во Скопје
Италијанскиот институт за надворешна трговија денеска организира бизнис форум на кој ќе бидат презентирани главните проекти во инфраструктурата и енергетиката чија реализација е предвидена во следните три до пет години.
На форумот ќе присуствуваат претставници од 30 италијански и 40 македонски компании од секторите инфраструктура, градежништво и енергетика, како и амбасадорот на Република Италија во Македонија Ернесто Масимо Белели, а ќе се обрати и вицепремиерот Владимир Пешевски.
На форумот е предвидено присуство и на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
11.03.2014 - 09:28
Фото:
Денешен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа