Зголемени субвенциите за извозните земјоделски култури

 

Од средината на месецов сe до крајот на мај земјоделците ќе можат да се пријавуваат за годинашните субвенции. Секој земјоделец што сака да добие дел од колачот од 140 милиони евра помош од државата ќе мора претходно да ги намири сите обврски што ги има кон Јавното претпријатие за пасишта, кон Министерството за земјоделство на име кирии за државното земјиште и кон други агенции и правни субјекти.

Како што пишува Дневник, сите фармери што имаат промени во површините што ги обработуваат потребно е истите да се евидентираат во ФАРМ-регистерот до 15 март. Годинава прв пат се воведува и новината на посебни минимални услови за добра земјоделска пракса и заштита и животна средина, односно без нивно исполнување земјоделците нема да може да добијат субвенции. Според експертите, годинава субвенциите ќе имаат развојна компонента.

- Согласно со Националната програма, земјоделците ќе добијат повеќе пари. Целите на стратегијата се зголемување на конкурентноста на нашите производи на странските пазари, односно зголемување на извозот кај одредени култури. Програмата е развојна и повеќе пари има за раноградинарските култури, за лозарството и овоштарството. Следните години повеќе ќе се обрне внимание на сточарското производство, особено на млекото. Од в година ќе се плаќа по квалитет на млекото што се предава во преработувачките капацитети - вели за Дневник Драги Димитриевски, декан на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

Земјоделците се задоволни од зголемувањето на субвенциите за следната година, особено за тутунот.

- Знаеме веќе извесно време дека годинава има повеќе пари за нас. Добро е што за тутунот без разлика на количината што сме ја произвеле добиваме по 60 денари за килограм, што е олеснителна околност за оваа култура, која секоја година с` повеќе се одгледува. Задоволни сме и од тоа што од в година посебно внимание ќе се посветува на „добрата земјоделска пракса“, односно дека повеќе пари ќе добијат фармерите што повеќе вложуваат во самото производство - вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци на Македонија.

Повеќе прочитајте на Дневник.

11.03.2014 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега