Сензација на Индијан Велс - Долгополов и Камила ги елиминираа Надал и Шарапова

Рафаел Надал во машка и Марија шарапова во женска конкуренција беа елиминирани во Првиот Мастер тениски турнир од серијата 1000 Индијан Велс. И двајцата бранители на турнирот своите настапи ги завршија во третото коло. 

Најголемото изненадување го направи Украинецот Александар Долгополов откако успеа да слави над најдобриот светски тенисер Шпанецот Надал со 2:1 (6:3, 3:6 и 7:6) и за два часа и 20 минути игра да ја обезбеди првата победа во кариерата против големиот фаворит.

Кај дамите за изненадувањето се погрижи квалификантката од Италија, Камила Ѓорѓи, која во третото коло од главниот турнир ја исфрли Русинката Шарапова со 2:1 (6:3, 4:6 и 7:5)

11.03.2014 - 15:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега