Милано, Тренто и Асти ќе се запознаат со можностите за водење бизнис во Македонија

 

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, директорот на Технолошко индустриските развојни зони, Виктор Мизо и економскиот промотор во Италија Иван Илиев, наредните три дена можностите за инвестирање во Македонија ќе ги претстават на бизнис форум и пред компании во Милано, Тренто и Асти.

Во првиот дел на посетата, во Емилија Ромаџина, Болоња, Анкона и Пескара, се остварени средби со неколку компании со кои македонскиот тим е во напредни преговори за потенцијално инвестирање во Македонија, соопшти Кабинетот на министерот Наумоф.

Договорени се и дополнителни средби во тек на пролетта со цел финализирање на понудата на соодветни локации и анализи на работна сила, логистика и царински процедури.

12.03.2014 - 10:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега