Вечерва во ЛШ гигантите на мегдан - „граѓаните“ ќе бркаат победа протв Барса
Вечерва продолжуваат возбудувањата во фудбалската лига на шампиони меѓу екипите на Барселона и Манчестер Сити и Пари Сен Жермен и Баер Леверкузен, мечеви кои се играат во рамките на осминафиналето во европското натпреварување.
БАРСЕЛОНА – МАНЧЕСТЕР СИТИ (2:0 прв меч)
Каталонскиот тим Барселона во првиот меч славеше со 2:0 на гостински терен против Манчестер Сити па оттука може да се каже дека веќе со едната нога е во четвртфиналето.
Но премирлигашот и како тоа досега покажал против големите гиганти дека може да биде опасен на гостински терен, а како потврда за тоа може да се напомене на последното гостување во Лигата на шампиони кога со 2:0 го совлада Баерн Минхен со 3:2.
Покрај тоа, Барселона во последно време не е стабилна, а доказ за тоа е поразот од Ваљадолид во Примера, па можеби тоа може да претставува мотив за англискиот тим, иако и Сити доживеа елиминација од Виган во ФА Купот.
Меѓусебни дуели:
Манчестер Сити – Барселона 0:2
Барселона – Манчестер Сити 0:1(пријателска)
ПСЖ – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН (4:0 прв меч)
Вториот меч го играат Пар Сен Жермен и Леверкузен. Французите првиот меч го добија со високи 4:0.
Доколку тоа не ги сруши соништата на фудбалерите на германскиот тим, тогаш податокот дека ПСЖ не е поразен на домашен терен во европските купови од 2006-та година дополнително ќе ги демотивира. Судејќи според сите статистички податоци Баер Леверкузен во Париз патува само туристички.
Во тимот на Баер ќе го нема стоперот Спахиќ кој е суспендиран, како и повредените Јенс Хегелер и Роби Крус. За ПСЖ од првата минута би можел да настапи опоравениот напаѓач Единсон Кавани.
Меѓусебни дуели:
Баер Леверкузен – ПСЖ 0:4
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа