30.836 туристи во јануари ја посетиле Македонија

 

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, бројот на туристите во Македонија во јануари годинава изнесувал 30.836, а бројот на ноќевањата 65.019. Во однос на истиот месец минатата година, туристите и ноќевањата се намалени за 2,9 проценти.

Според податоците на Заводот за статистика,  бројот на домашните туристи е намален за 5,8 проценти, а на странските за 0,2 проценти. Кај бројот на ноќевањата на домашните туристи има намалување за 6,2 проценти, а кај странските туристи зголемување за процент, додека бројот на туристите во јануари 2014 година, во однос на претходниот месец, е намален за 8,4 проценти,  при што кај домашните има зголемување за 8,3 проценти, а кај странските намалување за 19,5 проценти. Намалување за 5,8 проценти е евидентирано кај ноќевањата. Кај домашните туристи има зголемување за 22,2 проценти, а кај странските намалување за 24,8 проценти.

12.03.2014 - 14:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега