Годишните даночни пријави може да се поднесат до 17. март
Годишна даночна пријава и Годишен даночен биланс за персонален данок на доход до Управата за јавни приходи ќе може да се поднесе до понеделник, 17 март.
Како што информира Управата за јавни приходи, продолжувањето е поради тоа што последниот ден за поднесување 15 март е сабота, кој е неработен ден и согласно законот даночните обврзници нивните пријави ќе можат да ги поднесат и на 17 март понеделник како прв работен ден.
Според последните податоци, до УЈП се поднесени 108.763 годишни даночни пријави од граѓаните, од кои 760 се доставени по електронски пат.
12.03.2014 - 14:50
Фото:
Новатв.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа