Лазаров ги кине мрежите на противнците - Македонецот водечки стрелец во Барса
Македонскиот ракометен капитен Кирил Лазаров е водечки стрелец во гигантот Барселона со постигнати 201 погодок во сите натпреварувања. Во ЛШ има постигнато 58 и засега е прв стрелев кај каталонците, а во Купот на Кралот досега одигра на три меча и успеа 17 пати да ја затресе мрежата на противничкиот голман. Лазаров постигна и најмногу погодоци во ASOBAL Суперкупот – 7, против Натурхаус Ла Роха.
Вториот новајлија Никола Карабатиќ во севкупниот збир е втор клупски стрелец со 178 гола (најдобар стрелец на клубот во ASOBAL лигата со 94 гола), па следат Виктор Томас со 165, Сергеј Рутенка со 162 и Јаспер Нодесбо со 138 гола.
Превземено од lazarovkiril7.com
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа