Македонските ракометари на мегдан со Грција во Атина
Мечот меѓу Грција и Македонија кој ќе се игра во рамки на квалификациите за СП 2015 година во ракомет во Катар ќе се игра во салата „Ано Лиосиа“ во близина на Атина.
Мечот е закажан за 7 јуни во 19 часот а реваншот ќе се игра на 15 јуни во „Борис Трајковски“.
Поради важноста на дуелот, кој има не само спортски карактер, ИХФ, реши да посвети посебно внимание на тие два натпревари.
И од двете федерации беше побарано организацијата да биде на врвно ниво.
Мечот се игра во организација на ЕХФ, бидејќи се работи за континентални квалификации.
Салата Лиосиа има капацитет од 9.300 седишта и е изградена за потребите на Олимпијадата во 2004 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа