Експерти од Газпром ќе ја посетат Македонија
Експерти од Газпром наскоро доаѓаат во Македонија. Експертите доаѓаат во земјава за да работат на реализација на спогодбата што македонската Влада ја потпиша лани на 23 јули во Москва за изградба на крак од гасоводот „Јужен тек“ кон Македонија, пренесе МРТ.
По физибилити студијата руски Газпром и Македонски енергетски ресурси се очекува да формираат заедничка компанија за проектот за изградба на крак со удел од по 50 проценти, а со „Јужен тек“ земјава ќе добие долгорочна енергетска стабилност, бидејќи ќе се обезбедат потребните количини на евтин гас и за индустријата и домаќинствата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа