Намалени продажните цени на индустриските производи
Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари годинава се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво и за 2,6 отсто на годишно ниво.
Во споредба со јануари 2014 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто, во групата Капитални производи за 0,6 и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто, додека во споредба со февруари 2013 година, продажните цени се пониски во групата Енергија за 4,3 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3, Капитални производи за 1,5 и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 отсто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа