Италијански компании заинтересирани да инвестираат во Македонија
Италијански компании заинтересирани за условите за инвестирање во Македонија ќе ја посетат земјава. Ова било договорено на средбите што министерот за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф ги реализира во рамки на петдневната посета на Италија.
Форумот е во организација на реномираната адвокатска куќа Сантини Студио Легале од Рим. На форумот беа присутни претствници на компании од различни индустрии кои се запознаа со добрата бизнис клима и во разговорите со министерот Наумоф ги договорија понатамошните чекори и планови за посета на Македонија.
Наумоф, како почесен гостин, имаше обраќање за бизис климата и инвестициските можности во Македонија пред триесетина петприемачи од различни сектори на производство од Милано. Како резултат на овие разговори, договорена е посета од страна на италијанските претприемачи на Македонија во текот на следниот месец, соопшти кабинетот на Наумоф
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа