Поради проневера на 27,2 милиони евра, првиот човек на Баерн ќе лежи во затвор

 

Претседателот на Баерн Минхен Ули Хенес, веќе со месеци се наоѓа на страниците на дневниот печат, за проврзаноста со затајувањето на данокот, криминал кој тој го призна, по што веднаш беше приведен. 

Во четвртокот, 62 годишниот функционер на „баварците“, кога му беше пресуденено дека е виновен поради незаконско притајување на 27,2 милиони евра. 

Поради тоа Хенес ќе мора да лежи во затвор три години и шест месеци, а барањето од слобода е исклучено. 

Во 2013 година, Хенес имал непријавена сметка во швајцарска банка, но на почетокот тврдел дека тоа е негово лично конто, за да подоцна признае дека на таа сметка испрал 27,2 милиони евра. 

Според германскиот закон, Хенес можел да ја избегне затворската казна со доброволно признавање, но кога се одлучил на таков чекор веќе било доцна бидејќи договорот со обвинителството за такво нешто бил раскинат.

13.03.2014 - 16:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега