Презентација на нацрт ИПА програмата за прекугранична соработка на Македонија и Албанија

 

Во Струга денеска ќе се одржи презентација и консултативна работилница за Нацрт ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу  Mакедонија и Aлбанија за периодот 2014 - 2020 година. 

Министерството за локална самоуправа на Македонија во партнерство со Министерството за европски интеграции на Албанија во јули лани почнаа  подготовка на програмскиот документ за прекугранична соработка за наредните шест години.

Нацрт ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија е втор програмски документ, што се подготвува врз основа на искуствата собрани од програмата за соработка за периодот 2007 – 2013 година, анализа и согледувања на развојните и потребите за интензивирање на соработката меѓу чинителите во пограничниот регион, согледаните слабости, но и препораките за развојот на програмата обезбедени од ЕК.

14.03.2014 - 09:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега