Нова кампања на Тинекс: Подобри со вас за 100% доверба

 

Најголемиот ланец на маркети во Македонија, Тинекс, со цел зајакнување на довербата кај потрошувачите отпочнува нова кампања  “Пододбри со вас за 100 % доверба”. Пораките  кои се пренесуваат со новата  кампања се следниве:

1. Гарантираме   производи со исправен рок. Доколку на некоја од нашите полици, сепак пронајдете производ со изминат рок на употреба, ви го нудиме истиот производ со исправен рок за половина цена. Оваа можност важи исклучиво за време на вашето пазарување во маркетот, со пријава на една од нашите каси.

2. Гарантираме   точни цени. Доколку сепак истакнатата цена на производот на полица  не е иста со таа на каса, производот ви го нудиме за половина цена. Оваа можност важи исклучиво за време на вашето пазарување во маркетот, со пријава на една од нашите каси.

3. Гарантираме  за  точна сметка. Доколку се случи да ви се наплати производ кој не сте го купиле,  парите ќе ви ги вратиме  и истиот производ  ќе го добиете  бесплатно. Оваа можност важи исклучиво за време на вашето пазарување во маркетот, со пријава на една од нашите каси.

 

“Покрај нашата јасна определба за задоволување на потребите на потрошувачите , императив во нашето работење останува и јакнењето на довербата  со потрошувачите  која взаемно ја имаме изградено  изминативе 20 години. Токму затоа во сите маркети на Тинекс  во пресрет на светскиот  ден  за заштита на правата на потрошувачите , започнавме акција каде ги заштитуваме нашите потрошувачи,  во однос на квалитетот на производот,  точноста на цената и сметката”-изјави –Цветанка Христовска-Главен бренд  Директор.  

14.03.2014 - 15:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега