БДП лани со раст од 3,1 процент

 

Бруто-домашниот производ (БДП) во четвртиот квартал од минатата година е зголемен за 3,2 проценти. На годишно ниво стапката на раст на БДП изнесува 3,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според статистика, во четвртото тримесечје лани е евидентиран раст во повеќе сектори. Најголем раст има во секторите градежништво од 32,1 процент, хотели и ресторани од 4,4 проценти и во рударство и вадење на камен, преработувачка индустрија и снабдување со електрична енергија, гас и вода од 2,6 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2013 година, номинално расте за 2,4 проценти, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,7 проценти.

 

 

14.03.2014 - 16:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега