Мундијалот ги дигна цените на хотелите за 200%

 

За време на одржувањето на Светското првенство во фудбал во Бразил цените на хотелското сместување ќе се зголемат повеќекратно.

Според истражување на интернет-страницата „ТрипАдвајзор“, во деновите на Мундијалот цените на хотелските услуги ќе се зголемат за 229 отсто. Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули.

Тоа е случај со туристичкиот кварт Копокабана каде просечната цена за соба ќе биде 471 евро, што е зголемување за 229 отсто. Во Рио де Жанеиро просечната цена на хотелска соба ќе биде 328 евра на денот кога се играат натпревари, што е зголемување за 107 отсто.

Според весникот „Глобо“, хотелска соба на Тајмс Сквер во Њујорк чини помалку отколку во Рио де Жанеиро во истото време. Во јуни и јули просечната цена за хотелска соба е 89 евра, а во деновите на натпреварите ќе биде 277 евра.

Бразил очекува за време на СП во фудбал да биде посетен од најмалку 600.000 странци.

Бразилскиот министер за спорт Алдо Ребело изјави дека најмалку резервации има за хотелите во североисточниот градот Натал (50 проценти помалку од капацитетите), а најмногу во Рио де Жанеиро (90 отсто од капацитетите).

14.03.2014 - 17:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега