Работнички го освои врвот во дуелот со Кожув

 

Кошаркарите на Работнички го совладаа Кожув со 72:67 со што се зацврстија на првото место во Првата македонска кошаркарска лига.

Во дерби натпреварот од 17.коло на првата лига одигран попладнето во салата „Градски парк’’, Работнички постојано ја имаше контролата над резултатот. Во ниту еден момент домаќините не им дозволија на гевгеличани да го преземат водството, иако на 106 секунди до крајот Кожув првпат успеа да го израмни резултатот на 63:63.

До четиринаесеттата победа црвено-белите ги предводеа Душан Кнежевиќ со „дабл-дабл“ учинок од 26 поени и 16 скокови и Дарко Соколов кој постигна 13 поени.

На коло до крајот на прволигашкиот дел од сезоната Работнички сега е осамен на врвот со една победа повеќе од вечерашниот ривал Кожув.

Преостанатите три натпревари од ова коло ќе се играат викендов, а двојките се: (сабота) Фени Индустри - Карпош Соколи, Куманово – Лирија и (недела) Вардар Апаве – Струмица.

Табела: Работнички 29 бодови, Кожув 27, Лирија 25, Куманово 23, Струмица 21, Фени Индустри 19, Вардар Апаве 18, Карпош Соколи 17 и Пелистер Спорт 15 бодови. 

14.03.2014 - 19:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега