Груевски: Македонија е земја со четврт најолем економски раст во Европа
Македонија е земја со четврт најголем раст во 2013 година во Европа и четврта најниско задолжена земја што е одличен резултат, изјави премиерот Никола Груевски.
Кризата во Европа, посочи тој, влијаеше не само на земјите во ЕУ, туку и на земјите кои се надвор од неа, а се нејзини партнери.
- Најтешка година беше 2009-та, но не застанавме туку продолживме со нашите проекти и капитални инвестиции кои придонесоа во извлекувањето од кризата. Имавме добра комуникација со бизнис заедницата, рече Груевски во интервју за телевизија Сител.
Најсериозен раст има во градежништвото, а самиот сектор со себе, како што потенцираше премиерот, со себе влече 26 други гранки и отвора вработувања. Минатата година забележан е и сериозен раст на туризмот, а за 6,1 процент е забележан и раст на извозот
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа