Груевски: Градежништвото е мотор на економијата
Четвртиот највисок економски раст во Европа во 2013 е движен од високите капитални инвестиции и директните странски инвестции, односно извозот од нив. Во периодот од 2011-2013 капитални инвестиции продолжија да растат, истакна денеска премиерот Никола Груевски на презентацијата на отчетот за сработеното од 2011 до 2013 година.
Премиерот истакна дека се започнати крупни проекти во патната и железничката инфраструктура, како и во обрзованието, здравството, енергетиката.
-Мерките кои ги превземавме обезбедија работа за градежништвото и други 26 гранки, многу фирми се ангажирани и многу граѓани добија работа. Во периодот од 2011-2013 година капиталните инвестици продолжија да бележат раст и изнесуваат 20 милијарди денари, што е пораст од 29 проценти во однос од 2010 година. Градежништвото со 33 проценти историски раст во 2013 се покажа како мотор на економијата, рече денеска Груевски, додавајќи дека извозот за прв пат надминал 3 милијарди евра, а околу 25 % од истиот се создадва во новите капацитети во индустриските зони.
Груевски потенцираше дека со државен долг од 34,3 проценти, Македонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа, а бројките и фактите потврдени од реномирани меѓународни институции само покажуваат дека Македонија е земја со умерено и одржливо ниво на долг.
Груевски истакна дека во услови на светска и европска економска криза успеале да остварат намалување на невработеноста.
-Во 2013 година се намали невработеноста на 28,7 проценти што е историски најниско ниво во последните 17 години. Се намали од претходни превискои нивоа од 38 проценти, создадени во времето на СДСМ. Отворени се 116.155 нови работни места во перидот во 2013 година, посочи Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа