Иницијатива на битолчани фудбалскиот храм да го преименуваат во чест на Милошевски
Стадионот во Битола да биде именуван по трагично загинатата голманска легенда Петар Милошевски.
Ваквата иницијатива може да се забележи низ социјалните мрежи кои пренесуваат дека името на стадионот треба да биде именуван во чест на прерано загинатата фудбалска легенда.
Сите во Битола се преполни со болка, гнев и неверување и сакаат на некој начин делото и ликот на Милопевски да го направат бесмртно и да го споменуваат што е можно почесто.
Поради тоа е покрената иницијатива новиот стадион, за кој има најави дека ќе се гради во Битола, да го носи името „Петар Милошевски“.
16.03.2014 - 14:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа