Оригинално: Младоженци со автобус си отишле на својата венчавка

 

.

За да привлечат внимание на користењето на јавниот превоз, во турското туристичко место Аланија, невеста и младоженец користеле градски автобус. Не прифатиле на венчавката да одат со автомобил, туку чекале автобус. Чекајќи на автобуската станица, младоженците привлекле големо внимание од минувачите.

Младата двојка во разговор со другите патници во автобусот рекла дека со овој чин сакаат да го свртат вниманието на загадувањето на воздухот поради прекумерното користење на автомобилите.

Младоженецот изјавил дека негова желба е повеќе да се користат средствата за јавен превоз.

На оваа идеја дошол по посетата на својот пријател кој живее во Шведска.

- Се качив со пријателот во метро. Додека се возевме ми покажа еден човек кој се возел со метрото.  Тој бил шведскиот министер за транспорт. Ми појасни дека во таа земја сите користат јавен превоз, рече тој.

Овој чин на младата двојка предизвика позитивни реакции кај граѓаните кои се возеле во автобус.

Невестата рече дека ниту неа не и било лесно да се согласи на својата свадба да оди со градски превоз.

17.03.2014 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега