Поради популарните „селфи“ фотографии зголемен бројот на пластичните операции

 

Последното истражување на американската академија за пластична и реконструктивна хирургија покажа дека поради популарните „селфи“ фотографии зголемен е бројот на пластичните операции.

„Социјалните платформи како Instagram, Snapchat и апликацијата Selfie.im за iPhone, коишто исклучиво содржат фотографии, ги принудија пациентите да се набљудуваат под микроскоп и да се гледаат покритично отколку претходно", вели претседателот на американската академија за пластична и реконструктивна хирургија, Едвард Фариор.

„Тие фотографии често пати првиот впечаток кој за себе го нудат младите лица на идните пријателите, лицата од спротивниот пол или на работодавците и сакаат да се претставуваат со најубави можни лица", вели Фариор.

Еден од причините за зголемувањето на барањата за естетски операции е и злоставувањето (bullying) на социјалните мрежи. Според хирурзите кои учествувале во истражувањето 69 отсто од децата и тинејџерите кои се подложиле на естетски операции, тоа го сториле како последица на злоставување, а 31 отсто за да го спречат тоа. Хирурзите, исто така, известиле дека 58 отсто од нив забележале зголемување на бројот оперирани лица помлади од 30 години.

Фариор вели дека напредокот во неинвазивните методи на естетските зафати, вклучително и технологиите против стареењето го направил можно одложувањето на стареењето со задржување на природниот изглед, а и времето на заздравувањето е намалено.

Истражувањето покажало и дека жените и натаму почесто се подложуваат на естетските операции од мажите и во 2013 година на жените отпаѓаат 81 отсто од сите естетски хируршки зафати.

За мажите, пак, најбарани биле инјекции ботокс, хијалуронска киселина, трансплантација на коса и операции на носа, а кај жените зафатите за подмладување на лицето и операциите на носот.

Притоа, повеќе од 30 отсто од хирурзите забележале дека се зголемува бројот на брачните двојки кои се подвргнуваат на естетските операции.

17.03.2014 - 15:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега