Ѕвездата на Реал Мадрид Бејл очекува да го добијат „Ел Класико“

Неделава вљубениците во фудбалот ќе имаат можност да го проследат „Ел Класико“ кое ќе се игра во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Екипите на Реал Мадрид и Барселона ќе влезат со многу мотиви и емоции во овој дуел. Најскапиот играч на планетавата Герет Бејл не штедеше зборови за силата на противникот но најави дека очекува успех против моќниот каталонски тим. 

Во исто време го пофали и неговиот соиграч Кристијано Роналдо кој успеа да постигне два погодоци во рамките на ЛШ против тимот на Шалке 04. 

“Игравме добро против Шалке, со многу самодоверба и сме на вистинскиот пат. Сега треба да се подготвиме за следниот натпревар против Барселона”, изјави Бејл.

“Барселона е наш директен ривал и ние треба да се обидеме да се претставиме добро, за да ги освоиме трите поени. Тие имаат многу добри играчи, но ние сме фокусирани на нашата игра, а и Реал исто така има одлични фудбалери”, рече уште напаѓачот.

“Кристијано Роналдо е најдобар во светот, тој е грандиозен и е пример за секој”, рече поранешниот играч на Тотенхем.

 

19.03.2014 - 14:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега