Тоти повторно ќе заигра за репрезентацијата

 

Франческо Тоти би можел повторно да заигра за репрезентацијата на Италија на претстојното СП во Бразил што ќе се случи ова лето.

Џезаре Прандели селекторот на Италија веќе најави дека ќе се обиде да го убеди Тоти да се врати во составот на „аѕурите’’, по што капитенот на Рома одбиваше да коментира за ваквата идеја, посочувајќи дека е концентриран на настапите за својот клуб Рома.

- Ако сум здрав и подготвен, зошто да не, кратко изјави Тоти.

Тоти за фудбалската репрезентација на Италија одигра 58 натпревари на кои постигна девет голови. Тој со „аѕурите’’ го освои Светското првенство во 2006 година, а беше и финалист на Европското првенство во 2000 година, беше избран во најдобриот тим и во двете натпреварувања.

Тоти настапуваше и на Мундијалот 2006 година во Германија, како и Европското првенство во Португалија 2004 година

19.03.2014 - 17:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега