Нашите фудбалски надежи им се реваншираа на Романците
Во вториот пријателски меѓусебен натревар млада македонска фудбалска репрезентација составена со играчи до 19 години ги победи своите врсници од Романија со 4:2 и им се реваншира за поразот од 1:2 на првиот натревар одигран на терените во комплексот „Куќа на фудбалот“.
Головите за Македонија ги постигнаа Петар Петковски, Таулјант Сулејманов (на двапати од пенал) и Адријан Чаволи. За гостинската репрезентација погодија Паул Патурка и Ѓеорге Марес.
-Интересен и ефикасен натревар. Одигравме многу поквалитетно во оваа средба, пред се во фазата на реализација. Ефикасноста дојде како резултат на поголемата концентрација во однос на првиот натревар. Ова се млади момчиња и само со работа од ден во ден ќе го подигнуваат нивото на играта, изјави Марио Вујовиќ, селекторот на Македонија.
Натреварот го следеа и селекторот на сениорската репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски заедно со легендата на романскиот и европскиот фудбал, Миодраг Белодедиќ – спортскиот дирекор на младите категории во Романската фудбалска федерација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа