Пирло ја елиминираше Фиорентина во ЛЕ
Италијанскиот шампион Јувентус блгаодарение на погодокот на Пирло од слободен удар против Фиорентина ќе патува во четвртфиналето во Лига Европа. Првиот меч заврши нерешено 1:1, па оттука победата на гостински терен на „старата дама“ и го продолжи настапот на европската сцена.
На мечот не можеа да се забележат голем број на шанси, а домаќините се надеваат дека ќе успеат да ги задржат почетните 0:0 и на тој начин со предноста која ја имаа во првиот дуел на гостински терен да успеат да го елиминираат големиот противник.
Домаќините посакуваниот резултат го контролираа до 20 минути пред крајот. Сепак Андреа Пирло не мислеше дека е време Јувентус да ги заврши евронастапите. Беше досуден слободен удар на околу 20 метри од голот, а црвен картон заработи капитенот на домаќините Родригез. Да биде невољата на „виолетовите“ уште поголема се погрижи Пирло. Ветеранот уште еднаш покажа како мајсторски ги изведува слободните удари, матирајќи го голманот, Нето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа