НБА: Дурент му се доближува на Џордан
Синоќа имаше возбудлива ноќ во НБА лигата. Играчот на Оклахома Сити Кевин Дурент постогна 33 поебни за триумф на Тандер од 102:95 против Кливленд, и ја продолжи одличната серија на натпревари со постигнати над 25 поени по меч и на тој начин да му се доближи на рекордот поставен од легендарниот Мајкл Џордан.
Во 50 триумф на Оклахома сезонава покрај 35-те поени, Кевин Дурент забележа 11 скокови и 6 асистенции, а дабл-дабл учинок имаше и Серж Ибака со 16 поени и 11 скокови.
Во спротивниот табор најефикасен беше Дион Вејтерс со 30 поени, а за Кливленд ова беше четврти пораз во низа на домашен терен и се подалеку е од плеј-офот. Проблем за оваа екипа е тоа што барем уште две недели ќе бидат без најдобриот играч Кајри Ирвинг.
НБА резултати:
Кливленд – Оклахома 95:102
Хјустон – Минесота 129:106
Портланд – Вашингтон 116:103
Голден Стејт – Милвоки 115:110
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа