Кој од српската естрада ќе биде присутен на судењето на Шариќ?

Српската естрада не го заборави нарко-босот Дарко Шариќ, кој неодамна беше уапсен поради меѓународен шверц на кокаин. На неговото судење во понеделник, освен неговата сопруга и семејството, би можеле да се појават и голем број естрадни уметници за да му дадат поддршка.

Една од оние кои специјално ќе дојдат во Белград за да бидат дел од судењето на Шариќ е пејачката Гога Секулиќ.

- Имам право да ценат и почитувам кого сакам. Ќе дојдам на судењето, вели Гога, пренесува српскиот Курир. Таа вели дека има снимања секој ден, но во понеделник ќе откаже се за да му даде поддршка на својот пријател.

И Дара Бубамара не крие дека Шариќ и неговиот брат се нејзини добри пријатели.

- Јас сум во странство, но и сметам дека на судењето треба да биде само семејството, иако Шариќ ми е добар пријател, вели Дара која се надева дека тој ќе добие ослободителна пресуда.

 

 

23.03.2014 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега