Деактивирана бомба пред даночната служба во Атина

Грчките безбедносни сили успеаја да деактивираат експлозивна направа, што синоќа била поставена пред влезот на даночната служба во атинскиот кварт Коридалос.

Според првичните податоци непознати лица телефонски се јавиле на една од телевизиите во Атина и предупредиле дека за 20 минути бомба ќе експлодира во даночната администрација во Коридалос.

Случајот го презела екипа на грчките антитерористички полициски сили.

Засега никој не презеде одговорност за поставената бомба.

24.03.2014 - 09:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега